Утрински Весник
Економија

Денеска почнува исплатата на октомвриските пензии во повеќе банки

Penzioneristav.jpeg

Пензионерите што ги примаат пензиите преку Комерцијална банка, ТТК банка и Централна кооперативна банка од денеска, 30 октомври, ќе можат да располагаат со октомвриската пензија, според објавените известувања на банките.

Средствата ќе бидат достапни на сметките, а корисниците на дебитни картички ќе можат да ги користат за плаќање во продавници или за подигнување готовина од банкомат.


Во Комерцијална банка исплатата на шалтерите во филијалите и експозитурите започнува денеска и ќе продолжи во секој нареден работен ден. Пензионерите со дебитна картичка ќе имаат пристап до парите веднаш по нивното префрлање на сметката.

ТТК банка исто така најави предвремена исплата за денеска. Корисниците што немаат дебитни картички ќе можат да ја подигнат пензијата во филијалите и експозитурите, додека останатите ќе можат да ги користат банкоматите, платежните картички и електронското банкарство.

Централна кооперативна банка потврди дека октомвриските пензии денеска ќе бидат префрлени на сметките на нејзините корисници и достапни за подигнување на банкомат или за плаќање во трговската мрежа.

Можете да прочитате

Вицегувернерот Величковски: Една година од интеграцијата во СЕПА – заштеди од 5 милиони евра, побрзи и поевтини прекугранични плаќања за граѓаните и компаниите

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Левица: ДПМНЕ го одби амандманот на за поддршка на малите бизниси и претприемништво