Утрински Весник
Македонија

Скопјанец дивеел во авто сервис во Чаир, натепани вработените

Скопјанец дивеел во авто сервис во Чаир, натепани вработените

Полицијата поднесе кривична пријава против К.С.(32) од Скопје поради насилство.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, тој вчера влегол во авто сервис на подрачјето на Чаир во Скопје, се однесувал агресивно и со тврди предмети ги нападнал Д.З.(41) од Скопје и вработените З.А., Р.K., В.И.(42), како и Г.А.(42) од Скопје, вработен како обезбедување кој вршел службени дејствија.

Во координација со Јавен обвинител, полициски службеници веднаш го привеле К.С., а во текот на денот со кривичната пријава ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка.

Можете да прочитате

(Видео) Огромни колони пред патарините меѓу Тетово и Гостивар

Владата зела позајмица од седум милиони евра од М-Нав за да му ги префрли на ЈПДП

Малолетничка натепана од мајката и очувот