Утрински Весник
Скопје

Голем интерес на младите за воздухопловните професии на „Скопје ер фер 2026“

20261024120506 big 730x400 49.webp.webp

Хеликоптерот на МВР, штандовите на авиокомпании, воздухопловни академии и професионални организации денеска привлекоа голем број млади посетители во скопскиот Градски парк, каде што се одржа шестото издание на воздухопловно-едукативниот саем „Скопје ер фер 2026“. Ученици, студенти и љубители на воздухопловството имаа можност одблизу да го разгледаат хеликоптерот на Хеликоптерската единица „Јастреби“, како и директно да разговараат со претставници на домашни и меѓународни компании, образовни институции, аероклубови и професионални здруженија.

Од „Авикон“ истакнаа дека целта на саемот е воздухопловството да им се доближи на младите и да им се претстават можностите за образование и кариера во оваа област.


На саемот учествуваа ТАВ Македонија, Wizz Air, European Aviation Institute од Романија, Воздухопловната академија од Белград, Global Aviation од Грција, Global Maintenance од Бугарија, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, Дирекцијата за заштита и спасување, Воздухопловната федерација на Македонија, аероклубови и други организации од воздухопловниот сектор.

Организаторите оценија дека големата посетеност и интересот на младите ја потврдуваат потребата од вакви едукативни настани, кои нудат непосреден контакт со професионалците од индустријата и ги претставуваат можностите за развој на кариера во воздухопловството.

Можете да прочитате

Споменикот на децата бегалци го враќа стариот сјај

Црвен крст Гази Баба се всели во нови простории

SKOPJE AIR FAIR – Воздухопловно-едукативен саем во Градскиот парк во Скопје