
Саботната прогноза носи променлива облачност, додека за недела се најавува повремен дожд на одделни места.
Денеска, 24 октомври, ќе се менуваат облачни и сончеви периоди. Низ земјава ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
Слично време се очекува и во главниот град. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ветерот ќе биде слаб до умерен, од променлив правец.
Промена се очекува во недела, кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Почетокот на следната седмица ќе донесе постабилно време и мала облачност, но и повремено засилен северозападен ветер долж Повардарието во понеделник и вторник.


