Утрински Весник
Свет

Сирски: Украина страда од недостиг на војници

20250119195445 Big 730x400 97.webp.webp

Украинската војска страда од недостиг на војници, изјави денеска врховниот командант Олександар Сирски, пренесува ДПА.

– Треба да го зголемиме бројот на нашите механизирани бригади. Но, капацитетот за мобилизација за жал не е доволен за да се покрие оваа потреба, изјави генерал Сирски во радио обраќање.


Тој посочи дека за да се зајакнат силите на првата линија, се повлекува персоналот од логистика, снабдување и одржување „во разумни граници“ со цел да се пополнат празнините и да се формираат нови единици.

Изјавата на Сирски беше поттикната од поплаките од единиците на воздухопловните сили дека на фронтот повторно се распоредува висококвалификуван персонал.

– Раководството на армијата стави крај на овие напори. Тие војници се искусни специјалци кои никој не може да ги замени, изјави Сирски.

Украина страда од недостиг на војници на првата линија на фронтот, делумно поради старосната граница за резервистите. Иако сите мажи мора да ја завршат основната воена служба од 18-годишна возраст, војниците мора да одат во борба само по навршени 25 години.

Некои од сојузниците на Украина го повикаа Киев да ја намали старосната граница за мобилизација и за упатување војници на борбените линии

Можете да прочитате

Турција во шок: Девојче 12 годишно загина по напад од кучиња скитници

ТикТок повторно е активен во САД откако Трамп најави дека ќе ја одложи забраната на апликацијата

Со огномет и имитатор на Елвис Трамп ќе го прослави враќањето во Белата куќа