Утрински Весник
Свет

Ученик пукаше во училиште на Филипините, најмалку шестмина загинаа

D6520f0e 47bb 404e 866b b28a027727c7.jpg

Најмалку шест ученици се убиени, а 17 други се повредени во пукотница во средно училиште на југот на Филипините денес, соопшти филипинскиот Оддел за социјална помош и развој, пренесува Анадолу . Пукањето се случило во Националното средно училиште Банга во градот Банга, во покраината Јужен Котабато.

Напаѓачот, за кој се сомнева дека и самиот бил ученик, е меѓу загинатите, објави GMA Network. Наставата на сите нивоа на образование во областа Банга беше веднаш прекината по инцидентот, соопшти градската Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни состојби.


Министерството за образование соопшти дека е длабоко загрижено за пукањето и дека соработува со училишните службеници, локалните власти и полицијата за да ги утврди околностите на инцидентот и да обезбеди помош. „Наш непосреден приоритет е безбедноста и благосостојбата на нашите ученици, наставници и училишниот персонал“, соопшти одделот.

Додаде дека на засегнатите ќе им биде достапна прва психолошка помош, како и поддршка за ментално здравје и психосоцијална помош. Министерството, исто така, ја повика јавноста да не шири непотврдени информации додека властите го истражуваат пукањето.

Денешниот напад се случи еден месец по пукањето на Универзитетот Атенео де Замбоанга на јужните Филипини, во кое на 18 август беа убиени двајца студенти, вклучувајќи го и студентот што го изврши нападот.

Властите сè уште не го објавија можниот мотив за најновото пукање.

Можете да прочитате

Фицо: Нема да одиме во војна поради некаков Член 5

Во Амазонија пронајден човек кој живее сам во изолација веќе 38 години

Во Русија започнаа парламентарните избори, ќе траат три дена