Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес го погоди Тајван

20240408082138 Big 730x400 35 E1712560044906.webp.webp

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван, јавува ЕМСЦ (EMSC).

Земјотресот е регистриран во 13 часот и 9 минути по локално време.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала минатата недела исто така го погоди овој остров и оттогаш тлото не престана да се тресе.

Според последните податоци, бројот на загинати во земјотресот од минатата недела се зголеми на 13, додека повеќе од 1.100 лица се повредени, соопштија тајванските власти.

Можете да прочитате

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат

Украина тврди дека погодила четири руски центри за управување со дронови

Најмалку четири лица загинаа во железничката несреќа во Египет