Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова, покровителка и гостинка на свечената академија по повод 100-годишнината на Планинарскиот клуб „Љуботен”

Foto 3 3.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената академија по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен”, одржана под нејзино покровителство во Домот на културата „Иљо Антески – Смок” во Тетово.

На настанот се обратија и претседателот на ПК „Љуботен”, Јован Божиноски и претседателот на ФПСМ, Зоран Читкушев.


Честитајќи го овој значаен јубилеј, таа им изрази особена благодарност на многуте  генерации членови на „Љуботен” за докажаната љубов, почит и грижа за прекрасната Шар Планина и за природата, како и за нивниот личен и колективен придонес во промовирањето и популаризирањето на здравиот живот.     

За неа, неспорно е дека планинарењето како спортска и рекреативна активност ги подобрува телесното и менталното здравје и ги јакнее карактерот и личноста на човекот. Оттука, време е да ги следиме инспиративните примери на државите во коишто, рекреативното планинарење не само што е интегрирано во програмата по Физичко образование во сите образовни институции и степени, туку и масовно се практикува како елемент на филозофијата на здрав живот. 

Присутните имаа ретка прилика да ја проследат богатата историја на најстариот македонски планинарски клуб „Љуботен” преку презентацијата на документарен филм и  мултимедијалната изложба во галеријата на Домот на културата.

На претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на неколкумина најзаслужни членови на клубот, како и на неколку домашни и странски институции и програми им беа доделени плакети за трајни вредности.

Можете да прочитате

Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“ градежни линии на око

Развојна банка го прекршила правото на новинар, мора да ги открие фирмите кои земале државни кредити

Марихуана и амфетамин пронајдени во дом на скопјанец