Утрински Весник
Магазин

Шварценегер критикуван за пораката што ја остави во книгата за гости во Аушвиц

Шварценегер критикуван за пораката што ја остави во книгата за гости во Аушвиц
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Арнолд Шварценегер се најде на удар на критики затоа што употребил една од неговите познати филмски фрази при потпишувањето во книгата за посетители на меморијалниот центар Аушвиц.

dobivaj vesti na viber

Музејот сподели серија твитови за посетата на славниот актер, вклучувајќи ја и неговата порака во книгата за посетители – потпис заедно со позната фраза од „Терминатор“, I’ll be back („ќе се вратам“).

Ова резултираше во голем број критики на социјалните мрежи. Многумина коментираа дека иако не мислел ништо лошо, оваа фраза не е соодветна за ситуацијата и местото каде што се нашол, а неговиот потег е карактеризиран како „невкусен“ и „непримерен“.

Актерот го посети музејот откако прими инаугуративна награда за борба против омраза, којашто му ја додели фондацијата „Еврејски центар Аушвиц“ претходно оваа година.

По лавината реакции на цитирањето на „Терминатор“ во книгата за гости, музејот на Аушвиц на Твитер објави објаснување: „Оваа посета беше планирана да биде релативно кратка. Натписот требаше да биде еден вид ветување дека ќе се врати за уште една и подетална посета“.

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“