Утрински Весник
Спорт

Петровиќ: Атак на сите домашни титули и опстанок во АБА лигата

Петровиќ: Атак на сите домашни титули и опстанок во АБА лигата

Во пресрет на новата сезона во АБА и еден ден по освојувањето на петтиот трофеј во Суперкупот, МЗТ Скопје Аеродром организира прес-конференција на која присутните новинари беа запознаени со нашите амбиции, желби, ситуацијата со повредите и со изгледот на тимот од кој ќе пробаме да ги оствариме целите.

dobivaj vesti na viber

„Пред нас е интересна, но пред се тешка сезона. МЗТ сезонава ќе напаѓа на сите домашни титули, а наша примарна цел е да се опстане во АБА, која е меѓу трите најдобри лиги во Европа. Веќе в сабота нè очекува дуел со Црвена Звезда, евролигашка екипа со буџет кој е десет пати поголем од нашиот. Но, нема да одиме со бело знаме, ќе дадеме сè од себе колку што можеме. Имаме и повредени играчи, но и покрај тоа одиме да се надигруваме и да уживаме. Во првите пет кола имаме четири средби со главните претенденти за освојување на АБА лигата. Очекувам добра сезона, да нè служи здравјето, задоволен сум од работата на играчите на тренинзите и натпреварите“, изјави тренерот Александар Петровиќ.

Експедицијата на МЗТ Скопје Аеродром утре ќе замине за Белград, каде што в сабота ќе ѝ гостува на Црвена Звезда (20 часот). Првиот домашен дуел е закажан за на 10. октомври против Партизан.

Извор/ mztskopjeaerodrom.mk

Можете да прочитате

Мбапе ја однесе Франција во осмина-финалето

Премиер лигата не сака маратонски мечеви

Роналдо честел вечера во Доха, тројца од соиграчите не се појавиле