Утрински Весник
Македонија

Штипската болница веќе 6 часа се снабдува со струја од агрегат – се скинал кабел

Stip 1 210357 417353.jpg

Штипската Клиничка болница во моментов се снабдува со струја од агрегат, бидејќи околу 15 часот при изведување на градежните активности на новиот влез на болницата скинат е средно напонски кабел, потврди за МИА вечерва директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев.

Тој истакна дека пациентите кои се критични и се хоспитализарни во болницата или доколку се потребни итни интервенции на пациенти не се загрозени, бидејќи струја има за апаратите и салите.

-Информирани се сите болници и регионални центри во источниот регион, доколку имаат пациенти кои се критични да се прифаќаат во болницата во Кочани или да се транспортираат во Скопје. Пред половина час пристигна екипа на ЕВН и работи на санација на кабелот, вели Захариев.

Според првичните информации се очекува проблемот со струјата да се реши околу полноќ. Захариев додава дека нема потреба од паника или стравување, бидејќи се приклучени на агрегат и се работи на решавање на проблемот.

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски