Утрински Весник
Македонија

Тројца малолетници од Дебар украле автомобил од авто плац

Polovni avtomobili.jpg

ОВР Дебар, до Основното јавно обвинителство Кичево, поднесе посебен извештај против тројца малолетни деца од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик.

На 19.10.2026 од автоплац на улица „Јусуф Грвала” во Дебар, тие одзеле патничко моторно возило „форд фиеста” со дебарски регистарски ознаки, сопственост на А.Г.(37) од Дебар, кое било оставено незаклучено со клуч на брава. По преземени мерки, малолетниците со нивни родители и претставници на Центарот за социјални работи Дебар се повикани во ОВР Дебар каде се извршени службени разговори.


Можете да прочитате

Миноски бара „рестартирање на системот“ и проверка на потеклото на имотот на функционерите од 1990 година

Ахмети се повика на Мицкоски и побара избори – Единствениот излез се предвремени парламентарни избори

Американската амбасада во Софија издаде безбедносно предупредување за цела Европа пред празниците