Утрински Весник
Македонија

Од први мај директно ќе се лета од Скопје за Тиват

Aerodrom skopje.jpeg

Од 1 мај ќе стартува авионската линија од Тиват до Скопје, а на почетокот ќе соообраќа двапати неделно. 

Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, ова ќе придонесе не само за зголемување на бројот на патници, туку и за раст на туризмот и економијата.


– Она што пред 20 дена го разговаравме при нашата посета на Црна Гора, се реализира. Оваа авиолинија се надевам дека сериозно ќе придонесе во зголемување на бројот на патници, но и зголемување на туризмот и на бизнисот. Се надевам дека оваа авиолинија ќе ја користат многу луѓе, рече Николоски на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ. 

На средбата, двајцата вицепремиери разговарале и за развој на економската соработка и договориле следната година да се одржи голем бизнис форум на компании од двете држави. 

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со специјалниот пратеник на МНР на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин

Тројца малолетници од Дебар украле автомобил од авто плац

„Стив Наумов“ се распаѓа, бараме достојни услови за студентите, порачуваат од СДММ