Утрински Весник
Македонија

Шкријељ: Инвестираме во образованието, над 18 милиони евра за капитални проекти

Шкријељ: Инвестираме во образованието, над 18 милиони евра за капитални проекти

СДСМ преку Владата што ја предводи постојано инвестира во образовниот систем, истакна Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Во изминатите пет и пол години сериозно се инвестираше во изградба на нови и реконструкција на постоечки објекти на основни и средни училишта ширум државата. За 2023 година за капитални инвестиции предвидени се 18,3 милиони евра или 8,9 отсто повеќе средства споредено со 2022 година“, вели Шкријељ.

Оваа година, како што рече, ќе започне изградба на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ќе продолжи и изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје.

„Целосно нов објект ќе се гради за кумановската гимназија „Сами Фрашери“ и целосно ќе се реконструираат сите девет државни студентски домови. Оваа година ќе започне и реконструкцијата на 118 училишни објекти, а фокус ќе биде ставен на изградба на нови тоалети за ученици, оспособување на тоалетите за ученици со посебни потреби и поставување на пристапни рампи.Во 2023 година ќе започне изградбата на 10 нови спортски објекти во училиштата“, посочи таа.

Додаде дека покрај инвестициите во објекти и опрема, сериозно се инвестира и во платите на вработените во образованието.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница