Утрински Весник
Македонија

Повредени осум лица, меѓу кои четири деца во тешка сообраќајка на патот Љуботен – Радишани

Soobracajka 1 1.jpg

На 12.06.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат с.Љуботен – с.Радишани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишната Ф.М. и патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(20), двајцата од с.Љуботен, скопско.

Во несреќата од возилото „мерцедес” со тешки телесни повреди се здобила Ф.М. и нејзината сопатничка Б.И., а со телесни повреди се здобиле четири малолетници на возраст од 12 до 15 години. Додека, од возилото „голф” со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Љ., а со телесни повреди се здобила неговата 50-годишна сопатничка С.Љ. од с.Љубин, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” и ЈЗУ „Св.Наум Охридски” во Скопје. З


а настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, полицијата го приведе

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен

Арбен Фетаи назначен за специјален пратеник за ЕУ