Утрински Весник
Македонија

Сепак почина Мирко Попов – откриена главната причина

IMG 4531.jpeg

На 51 година почина познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов, објавува Канал 5.

Тој пред неколку дена беше хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување по обилно мозочно крварење, а според информациите починал попладнево на Клиниката за неврохирургија. За жал, обидите на лекарите да го реанимираат биле неуспешни, пренесува телевизијата.

Попов е македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимаваше уште од осумдесеттите години. Тој е основоположник на PMG Production, а има одиграно и во неколку театарски претстави и филмови.

Можете да прочитате

Владиниот авион се поскап за одржување – се планира набавка на нов вели Томовски

Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

Македонија повторно се бори со огнената стихија: Осум пожари остануваат активни