Утрински Весник
Свет

Сенатот на САД го усвои нацрт-законот за забрана на Тик Ток

Tiktok Ban Usa 6407d17263c2d Sej Bczhab.png
Ss2

Доцна синоќа Сенатот усвои сеопфатен законски пакет со кој се обезбедува странска помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и другите сојузници на Соединетите држави.
Законот, исто така, вклучува одредба што може да доведе до забрана на ТикТок во САД доколку кинескиот сопственик на популарната платформа не го продаде својот удел во рок од една година. Претставничкиот дом веќе ја одобри мерката. Во изјавата по неговото усвојување, претседателот Биџен рече дека ќе го потпише законот во среда.

ТикТок привлече несакано внимание не само поради зависноста од постојано „скролување“ видеа, туку и поради неговиот кинески сопственик, ByteDance. Тоа предизвика загриженост кај законодавците и експертите за безбедност, кои веруваат дека кинеската влада може да пристапи до податоците за милиони американски корисници на ТикТок.

Img 5587

Според ЦБС, законодавците сакаат да го принудат ByteDance да го продаде сопствениот удел, а ако тоа не се случи, овој закон предвидува забрана на ТикТо во САД. На сопственикот на компанијата му беше даден рок од девет месеци да ја договори продажбата, со можно продолжување за три месеци, според примерокот од законот објавен претходно овој месец.

„Идејата дека ќе и дадеме на Комунистичката партија толку голема пропагандна алатка, како и можност за собирање лични податоци на 170 милиони Американци, е ризик за националната безбедност“, рече сенаторот Марк Ворнер, демократ од Вирџинија, за ЦБСC.

Клејтон Ален, аналитичар во Eurasia Group, компанија за проценка на политичкиот ризик, истакна дека овој рок се совпаѓа со претседателската инаугурација во јануари и дека оваа политика кон ТикТок може да се смени ако поранешниот претседател Доналд Трамп добие втор мандат во ноември.

Според аналитичарот на Wedbush Securities, малку веројатно е дека ByteDance ќе го продаде ТикТок со неговите основни алгоритми, виталниот софтвер кој им обезбедува на корисниците препораки за видео врз основа на нивните интереси и навики за гледање.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема