Утрински Весник
Македонија

Дождлив вторник во Македонија, врнежите ќе престануваат кон крајот на денот

Dozd.jpg

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд се очекува денеска, вторник, 3 ноември. Според прогнозата на УХМР, локално врнежите ќе бидат пообилни, со количества над 20 литри на квадратен метар, а кон крајот на денот ќе престанат.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 7 до 13 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 10 до 15 степени.


Во Скопје денеска ќе биде претежно облачно со повремен дожд и слаб северен ветер.

Од среда се очекува постепено стабилизирање на времето. Следуваат претежно суви денови со променлива облачност, која кон крајот на неделата ќе се намалува. Северниот ветер повремено ќе биде позасилен, особено долж Повардарието.

Можете да прочитате

СДСМ: Славески вели „сè е во ред”  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари – зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка

Миноски: Пензионерите без картички не смеат да останат без средства за живот