Утрински Весник
Македонија

Семејствата на загинатите во „Пулс“ бараат финансиска помош и снимање на судската постапка

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, што го основаа семејствата на починатите во трагедијата во клубот „Пулс“, испрати допис до државните и правосудните институции во кој се наведени неколку барања.

Во дописот до премиерот Христијан Мицкоски, до претседателот на Собранието Африм Гаши и до претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, родителите бараат да им биде исплатена законската финансиска помош, а исто така семејствата да ја добијат и потребната институционална помош.


Доставивме барање до Основното јавно обвинителство – Кочани да посредува за да оствариме средба со претставници од судска медицина во Скопје. Исто така, имаме барање за комплетен видео и аудиозапис за време на судската постапка, се истакнува меѓу другото во барањето од Здружението.

Здружението „16 март 2025 – Кочани“ го најави и одржувањето на дванаесеттиот „Марш за ангелите“, закажан за в сабота, 5 јули, во 18:05 часот, како израз на незадоволството од бавната реакција на институциите и одолговлекувањето на судската постапка против обвинетите во случајот. (МИА)

Можете да прочитате

Скопје добива 100 електрични автобуси најави Николоски

Возови со 200 на час ќе минуваат низ Македонија најави Николовски

Николоски: Без увоз на работници, дел од компаниите ќе стават клуч на врата