Утрински Весник
Македонија

„Охрид не молчи! Доста е!“: Во сабота протест против насилството врз жените

Ohprotest.jpg

Мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство е најавен за сабота, 21 ноември, во Охрид. Собирот под мотото „Охрид не молчи! Доста е!“ ќе се одржи од 12 до 14 часот, со барања за заштита на жртвите и одговорност од институциите.

Збирното место е на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“. Оттаму поворката ќе се движи низ Охридската чаршија до СВР Охрид, потоа по булеварот „Македонски просветители“, а протестот ќе заврши пред Основниот суд.


Повикот следува по неодамнешниот случај на насилство што ја вознемири охридската јавност. Организаторите порачуваат дека насилството врз жените бара навремена реакција, а заштитата на жртвите не смее да зависи од јавниот притисок.

„Бараме заштита, одговорност и конкретни промени. Не сакаме да чекаме да биде предоцна!“ се наведува во повикот.

Граѓаните се повикани со мирно присуство да покажат солидарност со жртвите и да побараат конкретно постапување против насилството и институционалното непостапување.

Можете да прочитате

Левица: Внатрешна контрола и Тошковски ја саботираат постапката за истепаниот малолетник во Охрид

ВЛЕН: На Ахмети му пречи прекинот на врските со Србија!

Дожд и силен ветер денеска попладне, температурите ќе достигнат до 22 степени