Утрински Весник
Свет

Се потврдија муабетите низ врањанската чаршија: Братучед на владиката Пахомие се сомничи дека од касата на Епархијата украл 5.200.000 динари

Се потврдија муабетите низ врањанската чаршија: Братучед на владиката Пахомие се сомничи дека од касата на Епархијата украл 5.200.000 динари
Ss2

Полицијата во Врање ја разреши мистеријата за исчезнувањето на парите од касата на Епархискиот дом во Врање и по наредба на обвинителот уапси маж (42) од Врање поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело тешка кражба.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот, архитект кој своевремено работел во Епархијата, е обвинет дека во раните утрински часови на 14 мај годинава од сефот на Врањската епархија украл пари во износ од околу 5.200.000 динари.

300x250 (7)

– Полицијата пронашла 4.800.000 динари откако извршила преглед на автомобил шкода, кој бил паркиран во дворот од семејната куќа на осомничениот, а парите ќе бидат вратени во Врањската епархија – потврдиле за „Новости“ од Основното јавно обвинителство. кој го води случајот.

Неофицијално, самиот осомничен на полицијата ѝ кажал каде се парите кога му тропнале на врата.

– Мојот клиент не даде формално правна изјава, точно е дека парите се пронајдени и вратени. Во постапката ќе се докаже дали навистина се земени 5.200.000 динари или сумата што недостасувала – изјави за „Новости“ правниот застапник на осомничениот, адвокатот Игор Златковиќ.

Аферата со кражба на епархиски пари ќе има епилог на суд, иако сите се збунети од развојот на настаните бидејќи осомничениот е братучед на владиката Пахомие, кој претходно работел во Епархијата.

Заедно со семејството живеел во непосредна близина на Епархиската палата и ја уживал довербата не само на епископот туку и на дел од свештенството.

Но, се шпекулира дека самиот владика го отпуштил токму поради сомнежот дека ја злоупотребил довербата и дека после тоа заминал за Ниш, но често бил во Врање, бидејќи неговото семејство сепак живеело таму.

Ss1

Можете да прочитате

Протест на илјадници староседелци против бразилската Влада

Хаос на факултетите ширум Америка: апсењата на студенти продолжуваат поради антиизраелските протести

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски