Утрински Весник
Економија

Лазовски: Линеарното покачување на пензиите ја продлабочи нерамнотежата во Фондот

Img 7789.jpeg

Линеарното покачување на пензиите го запрело трендот на намалување на буџетските трансфери кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, оцени економскиот аналитичар Славко Лазовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Според него, со покачувањето се зголемила разликата меѓу приходите од придонеси и средствата потребни за исплата на пензиите.

„Пред линеарното покачување на пензиите, рамнотежата во Фондот одеше во нагорна линија. Сè помалку и помалку буџетот префрлаше средства. Со линеарното покачување, тој процес беше нарушен и се отвори голема нерамнотежа“, истакна Лазовски.


Тој посочи дека државниот буџет го покрива недостигот кога приходите од придонеси не се доволни за исплата на пензиите.

„Кој друг би ја покрил таа нерамнотежа ако не буџетот на Република Македонија? Тоа е нашата заедничка ризница на сите граѓани“, рече Лазовски.

Како начин за намалување на зависноста на Фондот од буџетските трансфери, Лазовски посочи на поефикасна наплата на придонесите. Тој смета дека треба да се разгледаат и законски и институционални промени, меѓу кои и промени во методологијата за пресметување на пензиите.

Според Лазовски, реформите треба да ја подобрат финансиската рамнотежа на Фондот и истовремено да ја подобрат положбата на пензионерите со најниски примања.

Можете да прочитате

Лазовски: Кој ќе го реши проблемот со најниските пензии?

Лазовски за „Алта банка“: Македонскиот суд наскоро би можел да отвори стечајна постапка

Лазовски: Исплатите за штедачите во „Алта банка“ може да паднат на товар на буџетот