Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се одговорни за мостот „Беласица“ и за целиот сообраќаен хаос во Скопје

Мостот може и веднаш да биде вратен во употреба, Град Скопје се’ уште ја утврдува состојбата

ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска се единствените виновници за хаосот што му се случува на Скопје, реагира СДСМ на обвинувањата изнесени од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска немаат капацитет ниту да менаџираат еден мост, а не пак цел град кој заедно го втурнаа во финансиска пропаст.

„Штитејќи ја Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ која го има мнозинството во Советот на Град Скопје и во управните одбори на јавните претпријатија не дозволи да се расправа за актуелната финансиска состојба на градот. Град Скопје денес е со блокирана сметка и е пред банкрот само поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска.

И добро би било некој да му каже на Наум Стоилковски дека за време на изборите неговиот шеф Мицкоски ја промовираше Арсовска како најдобра менаџерка, дека Арсовска победата ја славеше токму во Белиот дворец, каде е и работното место на Стоилковски“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна