Утрински Весник
Македонија

Шаќири: Над 700 стручни соработници се обучени за психосоцијална помош и поддршка на основци и средношколци

Шаќири: Над 700 стручни соработници се обучени за психосоцијална помош и поддршка на основци и средношколци

Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, разви Програма за психосоцијална помош и поддршка во основни и средни училишта, за зајакнување на капацитетите на стручните соработници за работа со ученици на унапредување на нивното менталното здравје и давање психосоцијална поддршка, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој додаде дека добросостојбата на учениците и безбедната средина за развивање се предуслов за постигнување на добри училишни резултати.

dobivaj vesti na viber

Шаќири рече дека околу 700 стручни соработници од основните и средните училишта, професионалци за ментално здравје, се обучени за оваа програма и дека мрежата на стручни соработници ќе преземе водечка улога на ниво на училиште во справување со предизвиците во овој период.

„Во средното стручно образование, реформата треба да резултира со подготвеност на младите луѓе по матурирањето брзо да се вклучат на пазарот на труд или успешно да продолжат во високото образование. Преку воспоставувањето Регионални центри за стручно образование и обука, целта е брза реакција кон нови вештини и брзо враќање на работа на возрасните како и ефикасно модулирање на програми за стручно образование и проширување со повисоки нивоа на квалификации. Концептот за воспоставување на Регионални центри за стручно образование и обука е усвоен во април 2022 година, врз чија основа се усвои и Концепција за средното образование на возрасните“ рече Шаќири.

Можете да прочитате

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие изгаснати се 13, два се активни и еден е под контрола

Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

Штетите од пожарите милионски, последиците врз здравјето, природата и иднината непроценливи