Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ

Sdsm.webp.webp

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ. Максим Димитривски за неколку фотељи и градоначачлничка функција стана слуга и продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски. 

Срамно и жално е да се гледаат поранешни генерални секретари на СДСМ како министри и послушници во Влада која ја водат луѓе што сакаа да ги убијат нивните довчерашни сопартијци. Срамно е за поранешни пратеници на СДСМ да бидат функционери во власта на Мицкоски. Од тоа вистинските членови на СДСМ се срамат и го осудуваат. 

СДСМ не го плашат ќорците на Максим Димитриевски и повиците за поделба на партијата. СДСМ е единствената вистинска опозиција која ќе се бори со сите сили за да се спречува штетните политики на владата на Мицковски и неговиот сателит ЗНАМ. Сега веќе работите се јасни а тројанскиот коњ Димитриевски е откриен. Брзо ќе се соочи со реалноста и гневот кој го насобра од членовите на СДСМ.

Димитриевски замолче како мало дете пред Касами а неговите изблици на лажен патриотизам беа замолчани уште првата недела од неговото слугување на Мицкоски. Толку беше од чукањето во гради и лажните закани дека ќе ја напушти владата во обид да го намали срамот.

Можете да прочитате

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови

Костовски се заблагодари за кандидатурата: Одимe на победа, Куманово може подобро!

Со новите предлог кандидати за градоначалници, СДСМ најави дебакл на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ