Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Уште еднаш покажавмe државнички капацитет и понудивме рака за отворен дијалог

Ковачевски на партискиот Централен одбор: ВМРО-ДПМНЕ да одлучи дали ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела, или во делови

СДСМ уште еднаш покажа државнички и државотворен капацитет и понуди рака за отворен дијалог, но и делување во остварување на уште една стратешка цел: членството во ЕУ, велат од владејачката партија преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Централниот одбор на СДСМ донесе Одлука за формирање на работна група за продолжување на разговорите со ДПМНЕ и сите други парламентарни политички партии за уставните измени и операционализација на следните конкретни чекори.

Централниот одбор на СДСМ му дава апсолутна поддршка на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски и формираната работната група, предводена од генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ Вардарски, да продолжат со напорите за обезбедување широк консензус за уставните измени, а со тоа и продолжување на европскиот пат на земјата.

Изборот пред сите политички партии е: интеграција во ЕУ или изолација.

Пред државата е историска шанса за продолжување на европскиот пат и воспоставениот дијалог може да придонесе кон носење одлуки за европската иднината на земјата и доброто на сите граѓани“, се наведува во соопштенито на СДСМ.

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата