Утрински Весник
Скопје

Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

Viber image 2026 08 25 15 24 51 628.jpg

Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски  таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка.

Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина. Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош.

Можете да прочитате

„Нешто што ќе остане” се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Аеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „NO FINISH LINE SKOPJE“

Дел од Кисела Вода денеска без струја