
Соопштение за јавност на СДСМ:
Покрај веќе 2,5 милијарди евра што ја задолжи Македонија за две години – како ниту една влада досега, Мицкоски планира уште нови задолжувања.
За 35 години сите влади заедно ја задолжија Македонија со околу 8 милијарди евра.
Сега, за две и кусур години, Мицкоски ќе ги задолжи нашите деца и внуци со 4 милијарди и ќе го подигне вкупниот долг на 12 милијарди евра.
Сè ова заради лично богатење и останување на власт.
Мицкоски дал налог за нови задолжувања.
Мора да обезбеди пари за да прикаже „успеси” на Владата преку започнати проекти и да обезбеди средства за избори – преку криминални тендери.
Покрај изборниот закон што сака да го протурка за да обезбеди модел за изборна кражба, подготвува и пари за купување на изборите.
Веќе сме сведоци, сега веќе јавни, на договори за предвремени избори.
Се спомнува пролет – како веќе договорен термин со ДУИ.
Мицкоски без пари во касата и без ниту еден резултат мора да смисли нови измами.
Повеќе не поминуваат лагите од претходната кампања. Време е за нови.
Статистиката повеќе не му поминува.
Приказните за „трета економија”, „први во туризмот”, „најевтино гориво” и останатите бесмислици не можат да ги убедат празните фрижидери и празните паричници.
Сега мора да смисли „хеликоптер” пари. Парите ќе паѓаат од небо – наскоро.
Прво поделба по моделот на Ванчо Михајлов на „елита” и „талог”.
Потоа анти-ЕУ кампања преку постоечките ВМРО-Орбанови медиуми и оние нови што ги увезува од Вучиќ за да му објаснат на народот дека ЕУ „не чини”.
Тука началник Латас и неговата Ивона ќе имаат многу работа.
Единствено што нема да го има е Вучиќ. Почнуваат избори во Србија и се очекува крај на таа криминална власт.
По падот на главниот ментор Орбан и истрагата за кинескиот кредит, Мицкоски нема да може да издржи пад на вториот ментор – Вучиќ.
Мицкоски е прочитан.
Народот не е наивен.
Ниту со музиката на Дејвид Гета, ниту со „нула денари” за настап, ќе може да ги убеди дека живеат добро.
Доаѓа пролет.
А тогаш сè се менува.
Граѓаните тоа веќе го знаат.
Власта мора да се земе од рацете на криминалната организација.

Македонија мора повторно да биде слободна. Македонија треба да биде европска.

