Утрински Весник
Македонија

Полиција во „Макстил“: Се проверуваат почвата и суровините по сомнежи за еколошки криминал

Policia Maqedoni Policija.jpg

Полициски службеници утринава влегоа во челичарницата „Макстил“ во Скопје, каде што вршат проверки на примероци од почвата и одредени суровини поради сомнежи за евентуално сторено кривично дело од областа на еколошкиот криминал.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека активностите ги спроведува Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје, по добиени оперативни информации и обезбедена наредба од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.


Проверките треба да утврдат дали постојат елементи на кривично дело. Засега не се објавени резултати од контролата, ниту официјални информации за уапсени лица.

„По целосно завршување на активностите, соодветно ќе ја известиме јавноста“, најавуваат од МВР.

Можете да прочитате

Осум лица уапсени за „безобѕирно управување возило“

Штерјова: За Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници – СДСМ бара оставка од Тошковски

Засилени сообраќајни контроли на автобуси и товарни возила во рамки на меѓународната акција на ROADPOL