Утрински Весник
Македонија

Нема семејство во Кочани кое не е погодено вели Наунов за последиците од пожарот во „Пулс“

Img 8326.jpeg

„Млади деца кои требаше да ја градат иднината на државата, деца од чесни и воспитани семејства, денес ги нема. Уништена е една цела генерација.“ Со овие зборови Александар Наунов, татко на дете кое загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, зборуваше за загубата на семејствата во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Наунов изрази разочарување од однесувањето на обвинетите за време на судскиот процес. Тој рече дека на почетокот изразувале сочувство со семејствата, но дека нивното однесување на рочиштата му оставило поинаков впечаток. Според него, во текот на процесот во преден план се ставаат финансиските интереси и обидите да се избегне одговорноста.


„Тие деца требаше да ја кренат државата нагоре. Сите беа воспитани, од примерни семејства. И на крајот се случи катастрофа во која се уништи една цела генерација“, истакна Наунов.

Тој потсети дека во пожарот загинале 63 лица, а 218 биле повредени. Како што посочи, дел од повредените сè уште се лекуваат, одат на рехабилитација и се подложуваат на операции.

„Нема семејство во Кочани кое на некаков начин не е погодено, директно или индиректно, од оваа трагедија“, рече Наунов во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Можете да прочитате

Зејнула: Целта е трговијата на Македонија со Турција да достигне 2 милијарди евра до 2027 година

Пожар вечерва во „КАМ мол“ – пожарникарите интервенираат, полицијата го обезбедува објектот

Стојанов за дел од адвокатите на судењето за „Пулс“: Арогантен однос и без почит кон судот и родителите