Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе остане со Левица против ЕУ или ќе се приклучи во проевропскиот блок?

СДСМ: Медарите од ДПМНЕ се неспособни, една година градоначалниците од оваа партија не работат ништо
Ss2

Иднината на нашата држава е во Европската Унија, граѓаните сакаат да бидат дел и заслужуваат да бидат дел од големото европско семејство. Време е за глас за Европа во македонското Собрание, за продолжување на европскиот пат на држвата, велат од СДСМ во денешното соопштение.

dobivaj vesti na viber

– Одговорност на сите 120 пратеници е да се вклучат во процесот на реформите важни за европската иднина, за глас за Европа во македонското Собрание. ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали ќе остане со проруската Левица во антиевропскиот блок или ќе го стави државниот интерес на прво место и ќе се приклучи на проевропскиот блок – велат од владејачката партија.

Ss1

Имаме историска шанса, која треба да се искористи, при силна поддршка од САД и во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура. Опозицијата има одговорност, пред граѓаните и иднината на државата. Ризикот од забавување или застапување на европскиот пат е да се вратиме назад, да останеме сами, надвор од процесите, додека другите земји од регионот напредуваат кон ЕУ. Блокадата на европскиот пат е блокада на подобар, европски животен стандард, повисоки плати, поголем економски раст, повеќе инвестиции, подобро образование, блокада за шансите за младите и европските вредности, соопшти СДСМ.

Ss1

Можете да прочитате

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ