Утрински Весник
Македонија

СДСМ ја отфрли понудата на ЗНАМ

Sdsm Zgrada 1 2.jpg

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции. За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени, се вели во одговорот на социјалдемократите на вчерашната понуда на ЗНАМ.

Вчера Максим Димитриевски, претседателот на ЗНМ рече дека единствен услов за евентуална соработка со СДСМ е оставка на раководството на партијата во рок од 24 часа, а носителите и ко-носителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати.

„Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности. СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ. Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување“, соопшти денеска СДСМ.

Вчера на Димитриевски му одговори и Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ: „Партиското раководство го бираат членовите на СДСМ кои се наследници и на НОБ, АСНОМ и на Киро Глигоров, а не вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов. СДСМ е едиствената партија наследник на Сојузот на комунисти на Македонија, на Народноослободителната борба, наследник на независната Македонија и Киро Глигоров. За разлика од субјектите како ЗНАМ кои се човек-партија, СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени. Нас нè водат социјалдеморкатските вредности. Борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија и не се откажуваме од тоа“, одговори Ковачевски на вчерашниот митинг во скопската општина Аеродром.

Можете да прочитате

Изработен нов електронски дневник, ќе се применува во новатa учебна година по тест периодот, соопшти МОН

Карамбол во Тетово – удрил во паркирани автомобили, повредени возачот и 19 годишен сопатник

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Денис Беќировиќ, претседавач на Претседателството на БиХ