Утрински Весник
Економија

СДСМ: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Sdsm sdsm logo.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Мицкоски и Трајко Славески брзаат да ја продадат Алта банка ама за џабе, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес конференција. Фрчкоски посочи дека со ваквото брзање се отвора сериозно сомневање дека наместо да се расчисти скандалот, се прави обид банката да се обезвредни и да се продаде за багателна цена, а последиците повторно да ги платат граѓаните.


„Мицкоски и Славески, истите што ја внесоа Алта во Македонија, сега брзаат да ја продадат. Ако на аукцијата нема купувач, цената ќе паѓа. Прво никој нема да се јави, па на крај ќе ја продадат за џабе. Тоа е моделот. А потоа истата банда ќе го обвини СДСМ и за ниската цена. Познат арамиски манир.” рече Фрчкоски.

На прес-конференцијата Фрчкоски посочи дека се отвора прашањето кој би купил банка која е наоѓа во вака состојба како Алта банка и ги повика институциите да ги заштитат граѓаните. 

„Кој ќе купи банка во ваква состојба? Што ако од српска страна се оспори продажната цена и се поднесе тужба? Повторно сметката македонските граѓани ќе ја плаќаат. Институциите мора да реагираат сега и да ги заштитат граѓаните на Македонија. Савески мора да го прекине молкот и да постапи независно и по закон”, рече Фрчкоски. 

Воедно, Фрчкоски упати директен повик до јавниот обвинител Ненад Савески да го прекине молкот, да постапи независно и да не дозволи политички притисоци од власта.

„Секое одложување им дава можност на Славески и Мицкоски да го заташкаат случајот, да се уништат докази, записи за трансакции, сметки. Ако Мицкоски му врши притисок, по телефон или на кој било друг начин, Савески нека го каже тоа јавно и нека го одбие.Времето одминува, доколку Савески не постапи ќе стане соучесник, тоа мора да му биде јасно.” рече Фрчкоски.

Можете да прочитате

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

Нова граѓанска обврзница со камата од 4,6 проценти, минималниот влог е 10.000 денари

Европската Унија гледа стратешки потенцијал во минералните ресурси на земјите кандидатки, но повикува на развој на целосни синџири на вредност