Утрински Весник
Македонија

Сали за отстапување на МЗ: Од септември се повторуваат шпекулациите

Сали за отстапување на МЗ: Од септември се повторуваат шпекулациите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сè уште нема конкретни разговори за отстапување на Министерството за здравство на Алијанса за Албанците, рече денес актуелниот министер за здравство Беким Сали. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го отстапи министерското место на Алијанса тој рече дека Министерството не е негово, но битно е тој што ќе го наследи да биде максимално посветен на функционирање на системот.

dobivaj vesti na viber

„Тоа се политички одлуки кои што сè уште немаат конкретни разговори, преговори. Сето ова е во делот на шпекулации кои се повторуваат од септември наваму. Веќе петти месец се соочувам со прашањето дали ќе го отстапам или не, Министерството не е мое. Јас сум го наследил од некој министер, сигурно некој после мене ќе го наследи меѓутоа битно е кој било да биде на оваа позиција да биде максимално посветен на, првично, функционирање на системот, а потоа промоција како што еве денес промовираме убави вести за нова опрема која се дава на одредени здравствени установи кои се во интерес на навремено дијагностицирање и пружање на здравствена заштита“, рече министерот Сали на промовирањето на донацијата во опрема и обуки од клубот „Ротари“ за скопските клиники.

В петок централното претседателство на Алијанса за Албанците ќе одлучува дали ќе станат дел од Владата која ќе ги гласа измените за влез на Бугарите во Уставот за што е неопходно двотретинско мнозинство во Парламентот.

За дел од медиумите лидерот на Алтернатива, Арбен Таравари изјави дека до петок очекува да му бидат понудени три министерски места, меѓу кои и Министерството за здравство каде што актуелниот министер е од партијата Алтернатива.

Можете да прочитате

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, велат од компанија

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk