Утрински Весник
Свет

Два брода нападнати во близина во Ормуската Теснина во близина на Оман

Ormuskata tesnina.webp.webp

Два брода повторно биле нападнати во Ормуската Теснина, соопшти Британската организација за поморски трговски операции (UKMTO).

Капетанот на друг брод пријавил дека видел „четири проектили од непознат вид“ како ги погодуваат двата брода на околу седум километри западно од Хасаб, кај Оман. На еден од бродовите избувнал пожар, додека состојбата на вториот останува нејасна.


Засега не е познато кој е одговорен за нападот.

Поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина е во голема мера нарушен поради иранско-американскиот конфликт, при што Техеран користи закани и врши напади врз бродови што се обидуваат да поминат без иранско одобрение. Поморската рута е од витално значење за извозот на нафта, гас и вештачки ѓубрива од земјите од Заливот.

Американските медиуми објавуваат дека и покрај нападите американските воени сили во повеќе наврати успевале да спроведат конвои со бродови низ Теснината покрај брегот на Оман.

Можете да прочитате

Нова безбедносна тревога на аеродромот во Прага: Девет авиони проверувани по закани со бомби

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се наместени нашите избори

Тешка автобуска несреќа во Франција