Утрински Весник
Магазин

Роберт де Ниро во Кан: Лудо е што има луѓе кои мислат дека Трамп би можел да работи добро

Роберт де Ниро во Кан: Лудо е што има луѓе кои мислат дека Трамп би можел да работи добро
300x250 (7)

Познатиот актер Роберт де Ниро на Канскиот филмски фестивал зборуваше за улогата на негативец во филмот „Убијци на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon), во режија на Мартин Скорсезе, а истовремено го критикуваше Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Во споменатиот филм, тој го игра сточарот и убиец Вилијам Хејл, кој се спријателил со луѓето од Осаж во текот на 1920-тите, а потоа го наредил нивното убиство за да им ја украде земјата богата со нафта.

300x250 (7)

„Не разбирам како можеше да ги изневери. Меѓутоа, по убиството на Џорџ Флојд, станавме свесни колку е опасен расизмот. Тоа е баналност на злото и тоа е нешто на кое мораме да внимаваме. Сите знаеме за кого зборувам, нема да го кажам неговото име“, рече тој. Де Ниро. Сепак, по неколку моменти се предомислил и решил да го критикува поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

„Тој човек е глупав. Тој мисли дека е паметен. Дури и Хејл беше паметен на многу начини“, рече тој, а Лили Гладстон, која ја игра членката на Осаж, Моли Буркхарт, истакна дека членови на племето Осаж присуствувале на погребот на Вилијам Хејл, негирајќи ја неговата вмешаност во бруталните убиства. Де Ниро повторно го евоцира Трамп како одговор на тој вид на слепа лојалност кон „злобните“ луѓе.

„Тоа е истата ситуација како Трамп. Има луѓе кои мислат дека тој може да заврши добра работа. Замислете колку е тоа лудо“, додаде тој.

Филмот „Убијци на цветната месечина“ е заснован на истоимениот бестселер на Дејвид Гран, кој следи низа убиства во Оклахома во 1920-тите. Племето Осаж стана најбогатиот народ на светот откако на нивна територија беше пронајдена нафта.

Како резултат на тоа, многумина ги искористија за да добијат пари, што доведе до серија убиства кои „Гардијан“ ги нарече геноцид врз Индијанците. Убиствата се сметаат за прв голем случај што го истражува новоформираното ФБИ.

Филмот, чиј буџет е 200 милиони долари, е најскапиот филмски проект на „Епл“ досега, пишува „Гардијан“. „Епл ТВ+“ се здружи со „Парамаунт“ за да го дистрибуира филмот во кината, пред да се пресели во услугата за стриминг.

Ss1

Можете да прочитате

Мис на Буенос Аирес има 60 години и ја очекува натпреварот за Мис на Аргентина, а можеби и за Мис Универзум

Меланија Трамп почна со дизајнирање и продажба на накит

Словенец освоил 60 милиони евра на европската лотарија