Утрински Весник
Магазин

Деветминутен аплауз за новиот филм на Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо во Кан

Деветминутен аплауз за новиот филм на Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо во Кан

Публиката во Кан со деветминутни аплауз ја поздрави премиерата на новиот филм на режисерот Мартин Скорсзезе, „Убијци на Цветната месечина“. Филмот е за сериските убиства на богати нафташи членови на „Нацијата Осејџ“ во 1920-тите во Оклахома.

dobivaj vesti na viber

Во него играат Ди Каприо, Де Ниро, Лили Гледстон, Џеси Племонс, Кара Џејд Мајерс, Џана Колинс, Џилијан Дион и Танту Кардинал, а адаптирано е од најпродаваната книга на Дејвид Гран. Сценариото е на Скорсезе и Ерик Рот. Имаше критика за должината на филмот од 4 часа, но во целина е добро прифатен.

Беше прикажан надвор од конкуренција, иако директорот на фестивалот Тиери Фремо рече дека испратил покана за учество во трката за Златна палма. Кинопремиерата е на 6 октомври и на 20 октомври во САД, а во Франција ќе се прикажува од 18 октомври. Низ цел свет ќе оди на стриминг платформата „Епл ТВ+“.

За потсетување, на премиерата на фестивалот, дојдоа голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои Леонардо ди Каприо, Роберт де Ниро, Кејт Бланшет, Тоби Мегваер и Кирстен Данст.

Можете да прочитате

(Видео) Најдобриот филм за Спајдермен пристига во киносалите

Kели Брук, жената со најсовршено тело според научниците, долго време била аутсајдер во светот на модата

Ајрленд Болдвин го изостави тато Алек од посветата за семејството