Утрински Весник
Свет

Расте бројот на жртви во поплавите во Турција: Евакуирани и преживеаните од страшниот земјотрес

Расте бројот на жртви во поплавите во Турција: Евакуирани и преживеаните од страшниот земјотрес
Ss2

Во две турски провинции кои беа уништени од минатомесечниот катастрофален земјотрес, поплавите предизвикани од обилните дождови однесоа 14 животи и дополнително ја зголемија бедата и страдањата на илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата по земјотресот, соопштија турските власти.

dobivaj vesti na viber

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу потврди дека спасувачките екипи се уште трагаат по пет лица кои се водат за исчезнати на три поплавени локации.

300x250 (7)

Силните поплави ги претворија улиците на градовите во провинциите Адијаман и Санлиурфа во реки кои носат автомобили, куќи и привремено сместувачки кампови за жртвите од земјотресот.

Најмалку 12 лица загинаа во Санлиурфа, меѓу кои пет сириски државјани чии тела беа пронајдени во поплавен подрумски стан и уште две лица кои ги загубија животите во комбе заробено под надвозник.

Во Адијаман две лица се удавија, чија куќа со контејнери ја однесе поројот, а неколку лица се евакуирани од шаторите за преживеаните од земјотресот.

Евакуирани се и пациентите од одделението за интензивна нега на болницата во Санлиурфа, јавуваат локалните медиуми, наведувајќи дека неконтролираните силни порои предизвикале уривање на дел од регионалниот автопат.

Турската агенција за управување со катастрофи соопшти дека повеќе од 10 професионални нуркачи биле вклучени во спасувачките напори во двете погодени провинции.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската влада на трговците им даде рок од две недели да ги намалат цените на горивата

ОН: Речиси 282 милиони луѓе во светот се соочува со акутен глад во 2023 година

Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“