Утрински Весник
Македонија

Прва трансплантација на менискус успешно изведена

Img 8103.jpeg

Во македонското здравство е запишана нова страница на успех — за првпат во државата е изведена трансплантација на менискус. Операцијата беше изведена кај 30-годишен пациент кој претходно имал тотална менисцектомија на медијалниот менискус.

Предводен од доц. д-р Алан Андоновски, тимот на хирурзи и медицински персонал успешно ја реализираше оваа сложена интервенција. Во оперативниот тим учествуваа и ас. д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, како и медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка Вуковиќ и болничарката Ирена Галевска. Анестезиолошката поддршка ја обезбедија д-р Мики Филев и сестрите Злата Апостолоска и Гордана Захариева.


Оваа успешна трансплантација не само што претставува голем чекор напред во развојот на македонската ортопедска хирургија, туку и отвора нови можности за лекување на пациенти со тешки оштетувања на коленските зглобови.

Истовремено, интервенцијата е доказ за високата стручност, посветеност и тимска работа на македонските медицински професионалци.

Можете да прочитате

Вештините стекнати со неформално и искуствено учење ќе може да се валидираат преку регионални центри 

Обвинет за неовластено влегување во компјутерски систем, кривична против кочанчанец

Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип