Утрински Весник
Економија

Домашното производство покрило 96,6 проценти од потрошувачката на струја

Struja.webp.webp

Вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјава во септември 2026 година изнесувала 448.847 мегават-часови (MWh), на природен гас 15,494 милиони нормални кубни метри (nm³), на јаглен 170.079 тони и на нафтени продукти 92.599 тони, покажуваат податоците на Државниот за статистика.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествувало со 96,6 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.


Од вкупната потрошувачка на јаглен, 99,9 проценти биле употребени за производство на електрична енергија.

Споредено со септември минатата година, потрошувачката на природен гас во септември 2026 година е намалена за 22,6 проценти, додека потрошувачката на нафтени продукти бележи намалување од 2,8 проценти.

Можете да прочитате

Лукаревска: По кои критериуми се водеше КХВ за да дозволи преземање на Алта банка?

Прв форум за енергетска дипломатија: Енергетската транзиција нема да успее ако жените не учествуваат рамноправно

Непречено се одвива откупот на тутунот, досега се купени 1 300 тони по 435 денари