Утрински Весник
Свет

Северна Кореја го претстави новиот повеќенаменски брод разорувач

20250426083156 big 730x400 96.webp.webp

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вчера присуствуваше на лансирањето на новиот повеќенаменски брод разорувач во бродоградилиштето Нампо, објави државната новинска агенција КЦНА.

– Воениот брод од 5.000 тони е опремен со најмоќното оружје и е изграден во рок од 400 дена целосно со наша сопствена сила и технологија, изјави секретарот на владејачката Работничка партија на Кореја, Џо Чунг-рјонг.


Ким им се заблагодари на работниците и техничарите за изградбата на новиот разорувач, кој „ја следи партиската линија за зајакнување на военопоморските сили“.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа