Утрински Весник
Македонија

Приведени девет возачи, пет без возачка

913481921 1185749173961503 8167731041437498473 n.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик

Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: И.И.(19) од Скопје, В.М.(24) од с.Арачиново, скопско, Д.В.(34) од Неготино, С.С.(34) од Битола и В.Ѓ.(39) од с.Долни Липовиќ, општина Конче, при што В.Ѓ. управувал и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,15 промили алкохол во крвта. Под дејство на алкохол возел и Д.В.(28) од Велес, кај кого биле измерени 1,53 промили алкохол во крвта. Со изречена активна забрана за управување на возило: А.Б.(44) од с.Црвевци, кичевско и М.Ј.(22) од с.Песочани, охридско, додека А.Ф.(40) од с.Голема Речица, тетовско управувал возило со брзина поголема од дозволената.


По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб

Цветковска: Законот е закон! Како што исплаќате повисоки плати на функционерите, така ќе исплатите и зголемен студентски оброк

Пронајдено тело на 38-годишен маж со прострелна рана кај Смилковци