Утрински Весник
Македонија

Проверете ги сметките: МОН почна со исплата на парична помош за 4 месеци

Pari 1 1.jpg

Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска истакна дека Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ од денеска започнува со исплата на неисплатената финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта во износ од 1200 и 1800 денари месечно, за преостанатите 4 месеци во кои граѓаните не ги видоа ветените пари од претходната Влада.

„Станува збор за паричен надоместок кој како и се друго, остана не реализиран иако за регулирањето на оваа мерка беше донесено и законско решение. Закон кој самите не го испочитуваа.

Информирам дека уште на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука, Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски за секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право. Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од денес.

Согласно анализата, се работи за над 100 илјади ученици, од кои 70 илјади основци и 30 илјади средношколци. Најголем дел од нив, имаат добиено паричен надоместок за еден, односно два месеци, поточно за декември 2023 година и за јануари годинава.

Преостаната е исплата за четири месеци и како што посочивме, започнуваме етапно од денес. Општина по општина, се подготвуваат налози за плаќање и ги замолуваме граѓаните за трпение, додека целиот износ биде надоместен. Најпрво ќе ги исплатиме надоместоците за февруари и март, а потоа за април и мај, со што целосно ќе го завршиме тоа што им следува на граѓаните, но за жал, останува само една од низата на манипулации заради кои и катастрофално власта замина и беа поразени.

Наместо краткорочни неквалитетни решенија, сакам да најавам дека новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе обезбеди континуирана и системска поддршка за олеснување на воспитно – образовниот процес и на учениците и на родителите и старателите. А квалитетот на образованието ќе биде меѓу врвните приоритети на кои силно ќе се посветиме“, вели Митева.

Можете да прочитате

РЕК Битола работи со еден блок

РЕК Битола работи со еден блок

УЈП : РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ГОТОВИНСКИОТ ПРОМЕТ ПРЕКУ ФИСКАЛЕН СИСТЕМ НА ОПРЕМА (ФИСКАЛНИ КАСИ)