Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец во Битола, одземеното вратено на сопственикот, следува пријава

Lisici1.webp.webp

На 15.06.2024 во 01.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(33) од Битола. Тој се сомничи дека во периодот од 22 до 24.00 часот на 14.06.2024 одзел патничко возило „тико” со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т.(48) од Битола. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. 

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Можете да прочитате

Левица: Подготвени сме за избори, ќе ги обединиме сите кои сакаат поинакво општество

ВМРО-ДПМНЕ: Абази пред заминување го заокружи своето работење за СДС и ДУИ и го спаси Филипче

СДСМ: Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што шест недели не објавуваат документот за водата во Гостивар