Утрински Весник
Македонија

Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година наваму

Monika.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП:

На Деветтиот конгрес на Либерално-демократската партија (ЛДП), кој се одржа во Скопје под слоганот „Напред, либералдемократи!” на која присуствуваа над 400 делегати и претставници од политичките партии, граѓанските организации, дипломати и останати гости , Моника Зајкова побара да се испита потеклото на имотот на сите избрани и именувани функционери од осамостојувањето до денес. Таа предложи да се утврди што поседувале пред да стапат на функција, што стекнале потоа и дали стекнатиот имот одговара на нивните законски приходи.


„Родена сум во 1991 година, годината кога Македонија ја стекна својата независност. Токму од таа година барам да се испита потеклото на имотот на сите избрани и именувани функционери, по јасни законски правила и без селективност”, рече Зајкова. Таа нагласи дека проверката треба да ги опфати и функционерите од ЛДП. „И за нас да важат истите правила”, порача Зајкова.

Зајкова зборуваше и за условите што им се потребни на младите за да изградат живот во Македонија. Го посочи субвенционираниот студентски оброк како пример за иницијатива на ЛДП што станала законско решение. Како следни чекори ги издвои усогласувањето на износот на субвенцијата со трошоците за живот и поддршката за младинското претприемништво. Млад човек не треба да избира меѓу својата професија и својата држава”, рече пред присутните Зајкова.

Свења Хан, претседателка на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и европратеничка од Германија, во своето видеообраќање ја нагласи поддршката за европската перспектива на Северна Македонија. Хан порача дека земјата ѝ припаѓа на Европа и дека нејзиниот пат кон членство во Европската Унија мора да остане веродостоен и остварлив.

„Ви го честитам вашиот деветти конгрес. ЛДП со години ги брани либералните вредности во Северна Македонија”, потенцираше Малик Азмани, потпретседател на АЛДЕ и европратеник од Холандија.

Ирена Јовева, европратеничка од Словенија од движењето „Слобода”, се осврна на европската интеграција на земјата и на местото на македонскиот јазик и идентитет во Европа.

„Европската иднина на Македонија не смее да биде заложник на билатерални спорови. Но исто така не смее да биде ни заложник на домашни политички пресметки. А македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се пречка за европската иднина. Тие се дел од неа”, истакна Јовева.

На конгресот се обратија и Дејвид Чалмерс, претседател на Федералниот комитет за меѓународни односи на британските Либерални демократи, и Маријана Пуљак, пратеничка во Хрватскиот сабор и претседателка на хрватската партија „Центар”.

„Без разлика дали Британија е во Европската Унија или надвор од неа, вашата партија има силен и сигурен пријател во британските Либерални демократи. Можеби сме во различни фази на нашиот европски пат, но споделуваме исти вредности, многу заеднички цели и визија за Европа во која сакаме да живеат идните генерации”, рече Чалмерс.

„Хрватското искуство нè научи на важна лекција. Влезот во Европската Унија е голема пресвртница, но градењето вистински европско општество е процес што никогаш не завршува. Европа значи слобода, владеење на правото, независни институции и еднакви можности за сите. Тоа се вредностите што нè поврзуваат како либерали”, додвлече Пуљак.

Меѓу меѓународните гости беа Јоана Павел од АЛДЕ, Балинт Ѓеваи од Европскиот либерален форум, Кинче Силаш од унгарското движење „Моментум”, Есад Шаиновиќ и Амар Боранчиќ од Либералната партија на Црна Гора, Миодраг Влаховиќ од „Слобода и демократија”, Арис Мовсесијан од Движењето на слободни граѓани и Андреа Беседеш Наѓ, пратеничка во Народното собрание на Србија, како и Елиза Хоџа, Бернард Никај и Бесиане Мусмурати од Демократската партија на Косово. Присуствуваа и претставници на домашните политички партии од власта и опозицијата, дипломатскиот кор, граѓанските организации и медиумите.

За придонесот во создавањето и развојот на партијата, ЛДП постхумно им додели плакети на Филип Аврамчев и Велимир Кузмановски. Плакети им беа врачени и на проф. д-р Владимир Петрушевски, Драган Малиновски, Доне Глигориу, Тома Глигориевски и проф. д-р Никола Пановски.

Во работниот дел на конгресот делегатите избираат претседател на ЛДП.

Можете да прочитате

Скопјанец пронајден починат во својот дом во Волково

Затвореник пронајден мртов во КУП „Идризово“

Турски државјани уапсени со лажни бугарски пасоши