Утрински Весник
Економија

Невработеноста намалена за 2,4 проценти на годишно ниво

Nevrabotenost 1.webp.webp

Бројот на невработените лица во третото тримесечје од 2026 година изнесува 89.593 и бележи намалување од 0,5 проценти во споредба со претходното тримесечје, а во однос на истиот период лани е намален за 2,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од годинава активното население изнесува 797.775 лица, од кои 708.182 се вработени, а 89.593 се невработени.


Стапката на активност изнесува 52,4 проценти, стапката на вработеност е 46,5 проценти, додека стапката на невработеност изнесува 11,2 проценти.

Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0,4 проценти во споредба со третото тримесечје од 2025 година. Од вкупниот број вработени, 57,6 проценти се мажи, а 42,4 проценти се жени.

Во структурата на невработените, мажите учествуваат со 62,1 процент, а жените со 37,9 проценти.

Во третото тримесечје од 2026 година бројот на неформално вработените изнесува 103.177 лица, што е зголемување од 2,1 процент во однос на претходното тримесечје.

Најголем дел од неформално вработените се во дејноста земјоделство, шумарство и рибарство, каде што се евидентирани 58.213 лица, односно 56,4 проценти од вкупниот број неформално вработени. Во градежништвото се концентрирани дополнителни 16 проценти.

Можете да прочитате

Настап на Азески на инвестициската конференција „ЕУ- Западен Балкан“

Гувернерот Славески на семинар на ЕЦБ: Макроекономската стабилност и модернизацијата на платните системи се важни за побрза интеграција со ЕУ

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 60. сесија на Клубот на истражувачите