Утрински Весник
Македонија

Пријава во МВР: Малолетник натепан од вработен во кавадаречката болница

Полицајка на ГП „Богородица“ е отстранета од работа поради примање поткуп

Вчра во 00.20 часот во ЦИК Велес малолетник од Кавадарци пријавил дека во дворот на болницата во Кавадарци бил физички нападнат од страна на лице вработено во ЈЗУ,,Општа Болница“- Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

„На лице место упатени се полициски службеници од ОВР Кавадарци и во дворот на болницата затекнати се И.А. (32), вработен како болничар, И.А. (33) вработен како обезбедување во болницата и малолетникот кој го пријавил случајот, а утврдено е и дека за време на нарушувањето на јавниот ред и мир биле присутни и други малолетници“, велат од МВР.

ОВР Кавадарци презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Голем пожар во поранешен „Декортекс“ во Радовиш – пожарникарите со натчовечка борба го ставија под контрола

Голем пожар во Радовиш, гори поранешна фабрика

Во автобус од Германија пронајдени непријавени 34.965 евра, приведени возачот и патник