Утрински Весник
Скопје

Инцидент во ТЦ Бисер, се бара смена на деценискиот претседател на Здружението на сопственици на дуќани

Biser tc.jpg

Инцидент се случил предмалку во Трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром, дознава 24инфо.мк.

Како што дознаваме, голем дел од сопствениците на дуќани, собрале потписи и започнале иницијатива за промена на претседателот на Здружението. 


Но актуелниот претседател не сакал да го прими барањето и по долго убедување и кошкање дошло и до физички контакт со лицата кои го поднеле барањето. 

Сведоци за 24инфо велат дека на местото на инцидентот дошла полициска екипа која врши разговор со инвловираните страни, за што очекуваме потврда од МВР.

Според тврдењата на дел од дуќанџиите, тие се незадоволни од работата на актуелниот претседател за кого сметаат дека незаконски и нелегитмно е на фунцкијата повеќе од 10 години и бараат негова смена.

Повеќе детали наскоро…

Можете да прочитате

Меџити: Генерацијата од Битола ја исполни својата задача, наша одговорност е да обезбедиме квалитетно образование на албански јазик

Изменет режим на сообраќај поради воведување нови светлосни сигнали на крстосница улица „Скупи“ со улица „Љубљанска“

Ѓорѓиевски: Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР