Утрински Весник
Спорт

Претседателот на ПСЖ во „војна“ со Барселона – бара истрага за финансиите во клубот!

Претседателот на ПСЖ во „војна“ со Барселона – бара истрага за финансиите во клубот!
Ss2

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи побара УЕФА да отвори истрага за Барселона и нивното продавање на имотот во текот на летото со што се избегна кризата во каталонскиот клуб, оценувајќи ја ситуацијата како „крајно нефер“.

dobivaj vesti na viber

Барселона направи „финансиско чудо“ во текот на летото, откако донесе голем број на засилувања, вклучувајќи ги Роберт Левандовски, Жил Кунде и Рафиња, откако продадоа дел од ТВ-правата во иднина, како и дел од компанијата која ги има правата на спортски реквизити со нивното лого. Со таканаречените „финансиски брани“, Барселона успеа да ги регистрира сите свои засилувања.

Ал-Хелаифи смета дека постапната не е морална.

„Дали тоа е фер? Не, вооошто не е фер. Дали е легално? Не сум сигурен. Ако им го дозволат тоа на нив, тогаш други клубови ќе го направат истото. УЕФА, секако, има сопствени финансиски регулативи и сигурен сум дека ќе има детална истрага. Новите правила за финансиска одржливост се позитивен развој, но мораме да бидеме внимателни. Опасни нивоа на долг и магични договори не се вистинскиот одржлив пат на кој треба да се движи фудбалот“, вели Ал-Хелаифи во интервју за „Политико“.

Ал-Хелаифи не е првиот кој е зачуден од финанските „вратоломии“ во каталонскиот клуб, но засега, ниту Ла лига, ниту УЕФА не оцениле дека има прекршување на било кое правило.

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале