Утрински Весник
Економија

Андонов: Ако не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризи

Андонов: Ако не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризи
Ss2

Доколку не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризи, пришто Владата има право да ги стави на располагање сите ресурси на државата, и на јавните претпријатија и на приватните компании, за обезбедување на јавната услуга, изјави денеска советникот за енергетика, Виктор Андонов.

dobivaj vesti na viber

Прашан до каде се преговорите со „Адора“ за топланите „Исток“ и „Запад“, Андонов рече дека Владата нема да потпадне под притисоци или уцени за некои да ја искористат ситуацијата во која се наоѓаме, додавајќи дека за да се случи продажба треба некаква процедура која пак не може да се направи во рок од неколку дена.

300x250 (7)

Тој истакна дека и досега електраните функционираа на закуп така што интенцијата на Владата е истото да се заврши до крајот на грејната сезона – ЕСМ да го добие закупот од АДОРА за електраните како што било досега.

 

На новинарското прашање дали граѓаните може да очекуваат дека со почетокот на грејната сезона ќе имаат парно греење Андонов изрази увереност дека на граѓаните ќе им биде испорачана топлинска енергија навреме и дека со оглед на тоа што БЕГ ги врати назад трите лиценци, до крајот на оваа недела ќе се презентира решението за неговиот наследник.

На медиумскиот интерес околу договорите со соседна Република Србија за набавка на дополнителни количества на гас, тој оцени дека до крајот на грејната сезона топланите ќе потрошат околу 230 милиони нормални метри кубни на природен гас и дека можниот договор со нашиот северен сосед е со цел да се обезбеди поповолна цена на енергенси за индустријата, како и поповолни цени на топлинската енергија за граѓаните.

Соработникот за енергетика подвлече дека во ваква глобална енергетска криза сите држави преку своите буџети прават напори да дадат целосна поддршка и на граѓани и на индустријата и дека тоа го прават и преку обезбедување пониски цени на енергенсите.

Тој информираше дека доколку се финализира договорот со купениот гас од соседна Република Србија ќе се произведува електрична енергија, од која дел потоа ќе се продава назад во Србија. Тој изрази оптимизам дека овој можен договор ќе профункционира и ќе се обезбеди потребно количество енергенси, а доколку не се обезбеди потребното количество гас, електраните имаат резервна опција да работат и на мазут.

На новинарското прашање како ќе им се помогне на најголемите потрошувачи на електрична енергија кои се на отворен пазар, Андонов истакна дека решенијата беа презентирани на состанокот на Министерот за економија со Стопанската комора за обезбедување на прифатлива цена на електричната енергија и подвлече дека граѓаните нема да останат без електрична енергија и ќе бидат заштитени заедно со малите потрошувачи. Како што посочи, предвидени се и дополнителни мерки за граѓаните и ранливите категории.

Околу најавите за отпочнување со работа на електрана која ќе произведува електрична енергија од мазут, Андоновски информираше дека сите овие заложби се прават со цел да бидеме што помалку зависни од надвор и да обезбедиме сопствени извори на енергија. Тој истакна дека ЕСМ е задолжен да ги направи сите анализи во овој правец и да презентира до Владата кои се опциите за отпочнување со работа на ваква електрана.

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање